Следно

Кој е крив за Фчерашните новости?

Фчерашни новости веќе петта сезона циркулира на тв екраните низ нашата Република. Во последната епизода од оваа сезона, тие решија да откријат тоа што сите други можеби се прашуваат, ама срам им е да кажат јавно, кој е крив за Фчерашни!?

Во релаксирана атмосфера, секој еден од екипата одблиску раскажа свое видување на Фчерашни новости. Кој како се нашол во екипата? Што му било предизвик, а што маана? Колку е тешко да се снимаат фчерашни и зошто!?

Екипата се одјави од оваа сезона со познатиот хит „Моите убави очи“ и порача да уживаме во летото, кој колку може и колку ќе дозволи поголемиот брат Ковид.

За да останат во контакт со фановите, Фчерашни изработија и стикери за Вибер со најпознатите ликови и нивните познати фрази.

Повелете овде: стикери

Коментари