Следно

Најдоброто од најдобрите - Сергеј, Столе и Тимур во „Еден на еден“

Во чест на европската титула и триумфот на РК Вардар, во недела од 18:30 на Канал 5 популарното македонско ток-шоу ќе има специјално издание во кое што гледачите ќе може да уживаат во најдобрите моменти од гостувањата на Сергеј Самсоненко, Столе Стоилов и Тимур Дибиров
 
Преку оваа емисија фановите ќе ги запознаат почетоците на проектот наречен „Европски Вардар” и ќе можат да се потсетат на најинтересните ангедоти и настани низ кои поминале Тимур и Столе со нивните сегашни и поранешни соиграчи. 


Зошто Самсоненко дојде токму во Македонија, што зборуваше Тимур пред три години, а што сега, што вели Столе за оние кои го хејтаат на интернет...

Сe ова и повеќе во недела од 18:30 на „Канал 5” во Еден на Еден Вардар специјалот.

Коментари