Следно

Еден на Еден влезе во семејството на Superbrands Macedonia

Супербрендс Македонија повторно даде можност на македонските брендови и компании да ја потврдат својата успешност пред домашната публика и светската Superbrands јавност. 23 македонски брендови ја добија наградата Superbrand за 2017/2018 од страна на стручното жири.

Покрај брендови како Стоби Флипс, Радио Буба Мара, повеќе финансиски, фармацевтски и автомобилски брендови, награда од стручното жири доби и маркетинг агенцијата Еден на Еден.

Наградата беше примена од Жарко Димитриоски, кого јавноста го знае како Жаре Еден на Еден, авторот и водител на најгледаното телевизиско ток-шоу во Македонија.

Во изминатите четири години Еден на Еден беа добитници на дури три награди за емисија на годината на Златна Бубамара на Популарноста, добија повеќе регионални маркетинг признанија, а Жаре ја доби и наградата за Претприемач на годината во Македонија, доделена од Стопанските комори и Министерството за економија. Како круна на успесите, во 2018-та беше ставен меѓу 30-те најдобри медиа и маркетинг претприемачи под 30 години во Европа, според Forbes магазинот.

“За овие години изградивме огромна доверба кај нашите маркетинг клиенти. Оние со кои работиме најмногу и најдолго, буквално не сметаат како нивен продолжен оддел, тоа е исклучително тешко да се постигне и е нешто на што сме особено горди” – истакна Жаре при подигнувањето на наградата.

Коментари