Следно

Тамара во „Еден на Еден“: „Евровизија“ е скап спорт

Евровизиската песна сѐ уште се крчка, открива Тамара Тодевска во неделното издание на „Еден на Еден“, каде пејачката зборува за тоа колку голем притисок чувствува затоа што сака да се претставиме најдобро до сега.

Во студиото кај Жаре со неа е и ќеркичката Хана, а за неа и за синот Дарен Тамара вели дека ја направија подобра личност.

- Ме дефинираа - вели Тамара.

Многу теми, многу муабети, но и две врвни изведби заедно со Гуру Харе бенд - не ја пропуштајте „Еден на Еден“ со Тамара во недела од 18:30 на Канал 5 телевизија.

Коментари