Следно

Еден од најубавите македонски евергрини е создаден во тоалет

Како се создадени дел од најубавите македонски евергрини и што прават денеска легендите кои ги испеаја. Во Божиќниот специјал на „Еден на Еден“ уживавме заедно со Трајче Манев, Јаков Дренковски, Лидија Кочовска, Ружица Милошеска Брчиоска од „Ареа“ и Никола Јанков - Коки

Лидија откри дека со „Ти си тој“ отворила повеќе од 500 свадби, а Јаков, пак, дека „Скитник“ била напишана во една вечер, а првпат ја пробале во тоалет. Трајче откри дека иако никој не верувал дека баладер како него ќе направи хит од брза песна, „На минус 23“ и ден денес се пее. Коки зборуваше за безбројните свирки на кои сѐ уште му ја бараат „Виолина и гитара“, а Ружица, пак, дека никогаш не верувала дека „Сите мои слики“ ќе стаен толкав хит. 

Доколку на бадниковата вечер го пропуштивте овој специјал, навистина мора да го погледнете. Оваа Еден на Еден епизода веќе е достапна на „Јујтуб“: 

Коментари