Следно

20 македонски сообраќајни правила

1. Свирењето во секој случај ќе го убрза сообраќајот
 

2. Црвено е само ако има полиција наоколу
 

3. Постојано се преиспитува кој им дал возачка дозвола на другите учесници во сообраќајот
 

4. И кој им дал нозе на пешаците
 

5. 200 денари за такси е многу, 200 евра казна за алкохол во крвта е ок
 

6. Додека стигнеш од точка А до точка Б ебеш по просек 23 мајки на други учесници во сообраќајот
 

7. Сѐ е паркинг
 

8. Секој шо вози побрзо од тебе е кретен, секој шо вози побавно од тебе е пичка
 

9. Автомобилот е подвижна телефонска говорница
 

10. Пешаците имаат предност на пешачки само ако се во униформа на МВР. Иначе кој ги ебе
 

11. Амбулантата и полицијата немаат предност затоа што твоето време е приоритет
 

12. Секогаш ко ќе видиш полоша кола од твојата превтуваш очи и се нервираш што дозволија увоз на германски стари коли
 

12. Секогаш ко ќе видиш некој со подобра кола помислуваш од каде пари и му ебеш мајката
 

13. Во гужва знаеш како за 15 минути да го промениш ДУП-от на градот и да ги средиш сообраќајните метежи
 

14. Шмекаш на црвено
 

15. Твојата гласна музика е ок, туѓата гласна музика е сељачизам
 

16. Имаш освежувач на воздухот од МВР и секогаш кога ќе има полиција им креваш рака, демек здраво колеги. Сепак ти пишат казни
 

17. Во нов автомобил не се пуши. Првите три часа
 

18. Ременот е непотребен декор
 

19. Ако пуштиш четири жмигавци можеш да ја оставиш колата каде што сакаш
 

20. Секогаш потенцираш дека подобро возиш пијан

 

Коментари