Следно

Екипата на „Фчерашни Новости“ разговараше со вистинскиот дедо Мраз

Последната епизода за 2017-та на „Фчерашни новости“ го носи и новиот хит. Промоцијата на новиот музички спот на Фчерашни ќе се случи оваа недела во епизодата 14 од третата сезона.

Покрај стиховите кои со недели нема да ви излегуваат од глава, додека се подготвувате за дочек на 2018-та гледајте и:

- Интервју на Фчерашни со вистинскиот Дедо Мраз

- Како се прославува Нова година во една скопска кафеана

- За што е најновиот протест?

- Кој е победникот во Болнички Survivor?

Не ја пропуштајте новогодишната епизода на „Фчерашни новости“ во недела, 31 декември, на „Телма“ и во живо на нивната официјална Фејсбук страница.

Само овојпат, наместо во редовниот термин од 20 часот, новата епизода гледајте ја од 19:30 часот, веднаш по вестите на „Телма“.

Коментари