„Фчерашни новости“ со Златна бубамара на популарноста

Фчерашни новости“ е добитник на овогодинешната Златна бубамара на популарноста за ТВ забавно-сатирична емисија.

Признанието на целата екипа, на чело со Бранко Огњановски, му го додели „Специјалното јавно обвинителство“.

- Група на лица се здружиле да вршат дела, при што вршеле снимање, сечење, лепење и монтирање на хумористично-сатирични содржини, кои потоа јавно ги емитувале на ТВ-станица, со што предизвикале луѓе скришно да се смеат на политичари во сопствените домови – пресудија „Катица“, „Ленче“ и „Фатиме“.

На сцената на Метрополис арената излезе целата екипа, во чие име се заблагодари Огњановски.

Покрај оваа вредна награда, фчерашниот ден помина и во знакот на новиот хит на „Фчерашни новости“, кој заслужено треба да се најде на врвот на секоја музичка топ-листа.

Слушнете ја „Хелоу“, ви гарантираме дека нема да ви излезе од глава.

Епизода 13 навистина беше баксузна за некои од гледачите, бидејќи токму за време на емисијата имаше технички пречки. Ова е можност да ја погледнете целата епизода:

Фчерашни новости ја најавуваат 13 епизода

Неуспешното запросување на Јована од страна на Кузман, од минатата епизода на „Фчерашни новости“, стана хит низ целиот свет благодарејќи на популарните сајтови „9GAG“ и „Имгур“.

Со епизодата 13, екипата ќе им даде уште повеќе добар материјал за објавување. Во недела, „Фчерашни новости“ раскажуваат приказната за едно семејство, една земја и една надеж.

Следува и екслузивно вклучување од една прес-конференција.

Епизодата нема да помине ни без гости, а ни моменти кои ќе ве смеат долго после гледањето.

Затоа, да повториме: Недела во 19:10 на „Телма“ епизода 13 на „Фчерашни новости“! Баксуз е да не ја гледате!

Македонски телетабиси во Фчерашни Новости

Американскиот претседател Доналд Трамп одговараше на прашањата на македонските граѓани во неделното издание на „Фчерашни новости“. Но, тоа не е најекслузивната вест што репортерите на најгледаната хумористична емисија ја подготвија за вас. Имено, „Фчерашни новости“ известуваше од новото средно стручно училиште во Македонија „Александар Пандов“. Се работи за експертско училиште од кое се надеваме ќе излезат многу нови генерации на експерти.

Последните пазарења, исто така, беа тема на разговор во епизодата 12, а во познатата очна клиника „Самоилов војник“, се испитуваше зошто македонските граѓани имаат проблеми со видот.

Во „Фчерашни новости“ падна и запросување во живо!

Погледнете ја целата епизода од неделата, која дефинитивно е една од оние што не смеат да се пропуштат!

Ептен популар