Што ќе направиш ако храната едноставно исчезне? Тоа се случи во Карпош!

ШТО ЌЕ НАПРАВИШ АКО ХРАНАТА ЕДНОСТАВНО ИСЧЕЗНЕ? ТОА СЕ СЛУЧИ ВО КАРПОШ!

Ако тргнавте да пазарите во супермаркетот Гранап во Карпош, големи се шансите дека ве пречека голем знак – НЕМА ХРАНА! Сигурно се разочаравте, но знајте дека многу полошо се чувствуваат илјадници Македонци секојдневно, бидејќи всушност ова за нив е секојдневие!

Гранап маркетите во соработка со маркетинг агенцијата Еден на Еден ја направија оваа акција со цел подигнување на свесноста за 17 октомври, денот на борба против гладот. Имено, маркетот во Карпош 4 беше затворен и опколен со лента која јасно укажуваше дека купците доаѓаат залудно, односно дека едноставно – нема храна. За жал ова е реалност за огромен број наши сограѓани. Како што кажуваат и постерите кои осамнаа на влезот од Гранап, 28.1% од граѓаните во Македонија не успеваат да ги задоволат основните потреби за храна и сметки, а 70.000 луѓе имаат само 2-3 оброци неделно!

Една од ретките организации која се труди да помогне на терен, носејќи храна до оние кои не можат да си дозволат редовен оброк е Банка за Храна Македонија, чиј контакт меил е отворен во секое време за сите ресторани, маркети, компании кои произведуваат храна, како и сите поединци кои сакаат да се вклучат и помогнат. Се што треба е да ги контактирате на bankazahranamk@gmail.com.

“Се надеваме дека ќе допреме до голем број луѓе и дека добар дел од нив ќе се решат да помогнат. Секоја чест на Гранап маркетите кои се дел од организациите веќе вклучени во листата помагатели на Банка за Храна Македонија, навиваме да бидат мотив плус за сите останати да го сторат истото. Нека следниот 17 октомври биде ден со помалку гладни!” –изјавија од маркетинг агенцијата Еден на Еден.

Гулабарството станува се популарен спорт

Гулабарството е спорт за кој многумина малку знаат, а уште помалку за него зборуваат. Повеќето воглавно сметаат дека тоа се гулаби што се чуваат во оние неугледни, метални куќички што ги има низ некои од маалата во Скопје и се пуштаат да летаат за подоцна да се вратат назад, онака како што им налага инстинктот. Им се мери времето во кое еден од нив најбрзо се враќа и тој е победник. Тука е воглавно крајот на приказната.

Меѓутоа, зад сево ова се крие цел еден свет и тоа поприлично профитабилен доколку инвестирате во него. За учество во натпревари и трки, треба да имате минимум пет гулаби што прават екипа. Ако сакате да бидете успешни, би требало гулабите да ги купите од „гулабар“ чии гулаби постигнуваат добри резултати. Значи, важно е да се купат гулаби со „педигре“.

Постојат трки на кратки, среди и долги патеки, од 100 до 500 метри и повеќе. Постои и маратон за гулаби што почнува од околу 700 метри до 1.300 метри далечина. Кога гулабите се враќаат во гулабарникот, се регистрираат со чипот што го носат, па точно се знае колку време им било потребно за летање.

Во Хрватска освен што постојат клубови, постои и сојуз, а се одржува и олимпијада за гулаби во која учествуваат само гулабите што освоиле први места и континуирано победуваат во неколку категории.

Во Тенерифе постои и интернационален натпревар во кој учествуваат над 100 држави, околу 3.500 гулаби и 2.000 гулабари.

Во Белгија и во Холандија гулабарството е национален спорт. Со оглед на тоа дека таму трките се спонзорираат, покровителите се многу дарежливи. Гулабарите имаат вработени што се грижат за нив, а просечната добивка од трките месечно достигнува и до 2.000 евра. Интересен податок е дека еден гулабар од Белгија неодамна своите десет гулаби ги продал за речиси еден милион евра.

Гулабарството е сé попопуларен спорт, особено во поголемите градови, но фасцинантно е што гулабите достигнуваат цена на тркачките коњи, а според она каде најмногу се продаваат, се чини дека Јапонија ќе биде следната гулабарска велесила.

Да биде целата приказна за гулабите уште повосхитувачка, на плоштад Македонија неодамна слетаа магента гулаби. Скопјани не знаат дали се работи за диви гулаби или за хибриди, но секако оваа глетка предизвикува воодушевување и ведрина кај минувачите. Овие гулаби, како и многу други реквизити и објекти во градот овозможуваат прегледување на нови, ексклузивни содржини за виртуелниот бенд Gorillaz само преку Lenz апликација која може да се симне бесплатно на Google play и App Store.

Апликацијата ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржините на Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.

Мекиците од Стража лансираат Blues Burger King!

Нов, неодолив вкус завладеа со градот!

Мекиците од Стража денес го проширија менито со новиот Blues Burger King, или како што кратко ќе си го нарекуваме BB King. Kомбинацијата од 100% телешко месо, крцкав помфрит, домашно лепче, зеленчук и сочен сос веднаш ќе Ве освои. За уживањето да биде уште поголемо, добивате и специјална претпразнична зделка во периодот од 22 до 31 декември – со секојкупен BB King следува ексклузивен блузон “Blues Legends” од врвен квалитет за половина цена.

Мекиците од Стража се бренд кој од 1942-та година го задоволува вкусот и на најпребирливите гурмани. Ресторанот своето име го добива по првичната локација, а нивните беспрекорни рецепти од пред неколку години се уживаат и во Скопје и Гостивар.

Побрзајте и вкусете го бургерот кој ќе направи да заборавите на сите останати!

Ептен популар