Ново

28 ДЕНА НЕОДОЛИВА ПОНУДА ОД PEUGEOT!

Во акција која трае само во месец февруари, сите заинтересирани клиенти можат да ја  искористат оваа неодолива понуда и да купат Peugeot возило од лагер!

Клиентите можат да изберат помеѓу Peugeot 208, 308, 301, 508, 2008 и 3008 па дури и дел од товарната гама по неодоливи цени!

Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на Еуроимпекс Генералиот увозник на Peugeot или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите - моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на Peugeot.

Секако, на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење на Peugeot моделите, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страната на Peugeot или на следниов линк: http://www.peugeot.com.mk/vozila/test-vozenje

Без разлика дали станува збор за мали градски автомобили или големи претставници на SUV гамата, Еуроимпекс има соодветна понуда за да ги задоволи барањата дури и на најпребирливите клиенти. Дозволете да бидете заведени од софистициран дизајн и современа елеганција. Возила со изграден карактер кои истакнуваат моќ, ефикасност како и грижа за околината. Интуитивни, иновативни, ергономични и комфорни, пружаат максимална контрола зад управувачот.

Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани, бидејќи при оваа понуда, количините се ограничени.

ЌЕ ГО СЛУШАТЕ ПО ЦЕЛИ ДЕНОВИ: Ова е новиот хит на Влатко Лозаноски (ВИДЕО)

Публиката со нетрпение го очекуваше најновиот хит на познатиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано и конечно го дочека. Лозано во етер ја пушти неговата нова песна која носи наслов „Камо тебе да те имав".

Вчера премиерно синглот беше испратен до сите радиостаници во земјава, а истиот има и лирик-видео направено од „Mister Cat Entertaiment".

- Сигурен сум дека и оваа песна ќе си го најде патот до публиката. Таа беше готова веќе подолго време, но со тимот одлучивме дека сега е вистинско време за неа. Имаме уште неколку готови песни кои наскоро ќе бидат промовирани - накусо ни изјави познатиот пејач.

Инаку и позади оваа песна како автори се потпишуваат хит-мејкерите Лазар и Магдалена Цветковски.

Погледнете го видеото и уживајте

Kое е најдоброто место за вечера на Св. Валентин?

Маж или жена – секогаш кога си на идеја да го изненадиш партнерот со убава резервација за Валентин, се соочуваш со ситуација на немање слободни места, гужви, разочараност од понудата на локалите и сл.

Затоа, решивме да одвоиме нешто за овој 14-ти февруари...

Бистро Скопје, новиот блуз и џез ресторан на улица Македонија, на 14-ти февруари организира прекрасна вечер заедно со „JB Quartet“ и Нико Ѓоргиевски. Два фантастични машки и женски вокали, Нико и одличната џез вокалистка Јасмина Беличанска ќе бидат придружени од all-star составот на басистот Марко Василевски, пијанистот Филип Димишковски и Антоние Весковски на ударни инструменти. Ќе се пеат врвни аранжмани од преработки на Frank Sinatra, Nat King Cole, Diana Krall, a и Македонски евергрини кои ќе ви ги разгалат музичките сетила.

За останатото ќе се погрижат извонредните шефови Жика и Рубин и нивните веќе добро познати кулинарски ремек-дела во Бистро Скопје. А за оние кои сакаат да го прослават Св. Трифун ќе има посебно изненадување – промоција на Тиквеш и промотивни цени на нивните вина.

Резервирајте си место во Чув де чув на 078 52 05 52 или на chuvdechuv@gmail.com за незаборавна романтична вечер. Побрзајте, затоа што голем дел од местата се веќе пополнети од редовните клиенти на Бистро Скопје.

Погледнете и мал дел од атмосферата на последниот настап кој „JB Quartet“ го имаа во Бистро Скопје...

Ептен популар