Ново

Со мајстори нема разбирачка

Момаков викнал мајстор за прозори, арно ама мајсторов му го наместил прозорот со рачката нанадвор и после го убедува дека така треба. Дефинитивно нема разбирачка со вакви мајстори.

Како со сигурност да фатиш на спортска

Спортската кладилница е како и секоја друга игра на среќа, шансите да фатиш се 50-50. Или ќе фатиш или нема. Дечкиве решиле да си ги зголемат шансите за добивка со помош на поп. После ова нема шанси да не фатиш.

Никој не остана рамнодушен: Интервјуто на Кили во „Еден на Еден“

Дефинитивно гостувањето на легендарниот Кирил Поп ХристовКили во специјалот на „Еден на Еден“ ќе го прогласиме како еден од најдобрите во последниве неколку сезони.
Кили ја отвори душата пред широкиот аудиториум и зборуваше за својата животна авантура која му се случуваше наназад низ годините.

За првпат откако се врати од како што вели – неговиот Еквадор, раскажа за неубавите денови во Македонија, за неговата болест, за тоа како се одлучил да ги спакува куферите и да „летне“ преку океанот во потрага по својот спас и уште многу, многу други интересни приказни.

За сите што го пропуштија овој специјал, истиот е веќе објавен на Јутјуб. Погледнете и уживајте:

Ептен популар