Ново

Игор Џамбазов, Елена Ристеска и новата рап-битка

Во неделата во „Еден на Еден“ имавте можност да го гледате гостувањето на легендарниот Игор Џамбазов, но и на една од нашите најубави пејачки, Елена Ристеска.

Според статистиките, емисијата со Игор и Елена беше најгледана за оваа сезона.

Причини за тоа има повеќе. Игор зборуваше за своите животни згоди и незгоди, за идните планови и уште многу друго. Елена откри дека имала прилика да се запознае со светската ѕвезда Пинк, зборуваше за нејзината последна песна „Текила и лимон“, за која јавноста бруеше и за уште многу други интересни содржини.

А, на барање на публиката, Жаре и неговиот тим подготвија уште една одлична рап-битка која ќе ве насмее до солзи.

За сите што немаа можност да ја гледаат емисијата, истата е веќе објавена на Јутјуб.

Ептен популар