Ново

ЗА СИТЕ ШТО ЈА ПРОПУШТИЈА: „Еден на Еден“ со Сара Мејс и „Некст Тајм“

Во неделата имавте прилика да гледате уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу „Еден на Еден“, во кое гости беа момците од дуото „Некст Тајм“, Стефан и Мартин и познатата пејачка Сара Мејс.

Стефан и Мартин зборуваа за нивните почетоци, за пријатните и непријатните моменти, за своите проекти, додека пак Сара сподели неколку интимни моменти од нејзината свадба, се пофали за идните планови и уште многу друго.

И овој „Еден на Еден“  не помина без стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој го насмеа водителот Жаре и публиката пред малите екрани.

За тие што ја пропуштија последната емисија, истата е веќе објавена на Јутјуб.

И термометарот се смени

Заборавете веќе на стариот термометар со жива кој се става под мишка. Ксиаоми (ваљда така се чита) извади термометар кој работи на инфрацрвени зраци и доволно е само да се доближи до челото или било кое тело за одма да ја покаже температурата. Делува многу подобро него 5 минути да држиш жива под мишка.

Ептен популар