Ново

Фчерашни Новости во разговор со успешна бизнисменка: Не е се така црно во економијата

Фчерашни новости повторно последни на местото на настанот. Во недела од 20 часот на Телма последни дознајте:

- Фчерашни на лице место: Акција на најхрабрите во борба против загадувањето

- Разговор со успешна бизнисменка: Не е сѐ така црно во македонската економија

- Единствено во Фчерашни: Нема да гледате инспиративна приказна за упорноста и посветеноста на која сите завидуваме

Не ја пропуштајте епизодата 8 на „Фчерашни новости“ оваа недела од 20 часот на „Телма“ и во живо на „Фејсбук“.

Џес Бејли гостин во „Еден на Еден“, Жаре му извади чадор!

Недела, 18 и 50 часот на Канал 5. Во „Еден на Еден“ гостува една од најпопуларните и најозборувани личности во Македонија, американскиот амбасадор, Џес Бејли.
Амбасадорот за првпат зборува за својот приватен живот, а открива и што мисли тој за разните гласини околу него.
Што го натера Жаре да извади голем чадор од под неговото биро -  гледате во недела на „Канал 5“ во 18 и 50 часот.

Позади камерите амбасадорот Бејли оствари и „дипломатска“ средба со министерот за Надворешни работи на Република Македонија, господинот Никола Димитров кого ќе го видите во следното издание на „Еден на Еден“ на 26-ти ноември.

Ептен популар