Ново

Ученик и стави корпа на глава на професорката

Не секогаш професорите се криви за однесувањето на учениците, понекогаш учениците се толку некултурни што професорите не знаат како да се справат со нив. Во руско училиште, еден безобразен ученик и става корпа на глава на професорката. Некои деца изгледа стварно не се да ги пратиш на школо.

ЖИВЕЕЛЕ КАКО БИТЛСИ: Перо и Поце од „Меморија“ во „Еден на Еден“

Во неделата на „Еден на Еден“ имавте прилика да го погледнете гостувањето на дел од членовите на најкултниот македонски бенд – „Меморија“, Перо Камиказа и Поце Икономов.


Двајцата се навратија со сеќавањата во убавите времиња во кои тие твореа, за нивните згоди и незгоди, за тоа како „Меморија“ станале едни од најдобрите и најбараните бендови во Македонија...
Перо и Поце раскажаа интересни детали од нивните многубројни концерти, за тоа како им гаселе цигари од патики, како им ги врзувале врвките на патиките додека пееле на бина, како им кубеле коси и уште многу, многу интересни приказни кои ве уверуваме дека ќе го задржат вашето внимание...


Се разбира, го најавија и нивниот голем концерт, закажан за на 18 ноември во „Метрополис арена“.
За сите што ја пропуштија емисијата, истата е веќе објавена и може да ја погледнете на следниот линк:

На водителката и влезе пајак во фустанот

Мал незгоден момент и се деси на водителка на романското шоу за мода и убавина. Илинка Вандичи помисли дека пајак и влезе во фустанот и во обид да го избрка несакајќи ја покажа долната облека. Среќа што колегата и помогна и ја увери дека ако имало некаков инсект, тој веќе избегал.

Ептен популар