Ново

Фчерашни дознава каков е коефициентот за локалните избори

Во најновата епизода на „Фчерашни Новости“ дознаваме каков е коефициентот за локалните избори на 15 октомври. Кој е сигурно добитен, а кој треба да го играте нерешено. Како да стане Скопје позелено и кој може тоа да го направи. И најбитно, која мрежа е побитна за граѓаните на Македонија, канализациската или интернет мрежата?

Уживајте во епизодата.

Фчерашни истражуваат: Кој е најголемиот проблем на Македонците?

Во недела од 20 часот на телевизија „Телма“, новите „Фчерашни новости“ ви носат:

- Фчерашни истражуваат: Кој е најголемиот проблем на Македонците?

- Скандал: Запалено возилото на претседателот на позната месна заедница

- Фчерашни анализа: Какви коефициенти имаат партиите на престојните локални избори

Не заборавајте, третата сезона на пародичните вести, има нов термин во недела. Вклучете е на „Телма“ од 20 часот и останете на чекор зад сите.

Во недела: Tимот на Жаре на тапет поради Спасе

Во недела во 20:30 часот на „Телма“, публиката ќе го запознае тимот на „Еден на Еден“, поточно дел од момците и девојките сценаристи кои го создаваат најгледаното ток-шоу во Македонија. Заедно со Љубиша, Марина и Ива, на каучот кај Жаре гостува и стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој во деветтата сезона активно се приклучува на тимот на „Еден на Еден“ и ќе го гледаме во секоја следна епизода.

Покрај Жаре, и публиката во студиото имаше можност да поставуваше прашања за гостите-сценаристи, а неколку од тие прашања, секако, беа поврзани со редовниот гледач Спасе.

Дали тој конечно ќе се појави, може да погледнете во следната епизода на „Еден на Еден“.

Не заборавајте, емисијата оваа сезона е во нов термин – секоја недела од 20:30 часот на „Телма“!

Ептен популар