Ново

Шприцерски триаголник

Во светот постои бермудски триаголник, а во Македонија шприцерски.

Еден на Еден ве носи назад во времето

Кога Џамбазов отворено зборуваше за импотенцијата или кога Панчо „се кандидираше“ за претседател. Кога Жаре и Викса бричеа балони, а Лила даваше совети за брак на хелиум. Која и епизода на „Еден на еден“ да ја одберете, од оние изминати 200 и кусур, секогаш ќе најдете некој евергрин момент.

Затоа, сезоната 9 на „Еден на еден“ започна токму со времеплов на најинтересните момети од сите досегашни години од шоуто. Потсетете се на дел од 250те гостувања, ексклузивни интервјуа и неверојатни приказни некогаш прикажани на најгледаното ток-шоу во Македонија.

Еден на еден“ има и нов термин – гледајте нѐ секоја недела, 20:30 часот на Телма!

Фчерашни Новости дознаваат како помина референдумот за мигранти во Македонија

Третата сезона на долгоочекуваната и често побарувана хумористична емисија „Фчерашни Новости“ започна. Во првата епизода „Фчерашни“ ексклузивно направи интервју со еден мигрант и што тој мисли за референдумот за мигранти. За првпат имаме соочување на политички опоненти од двете најголеми партии во Македонија, погледнете што изјавија тие на дуелот пред самите избори. „Фчерашни“ излезе и на терен за да провери како течат кампањите на политичките партии. Воедно успеа да покрие и една трогателна сторија за еден македонски твитерџија.

Со нови водители и надополнета екипа, третата сезона ја прогласуваме за започната. Уживајте во првата епизода.

Ептен популар