Ново

„Еден на Еден“ избрана во топ три најдобри интернет кампањи во регионот!

Маркетинг агенцијата „Еден на Еден“ беше избрана меѓу трите најдобри во категоријата „Дигитален микс“ (Digital Mix) на дигиталните награди „SoMo Borac“, кои се доделуваа викендов на 10. по ред „Викенд медиа фестивал“ во Ровињ, Хрватска. Ова големо признание доаѓа за нашата работа на кампањата за сатирично-хумористичната емисија „Фчерашни новости“.

Станува збор за најважните регионални дигитални награди каде годинава имаше рекордни 145 пријавени кампањи, а нашата беше единствена македонска кампања меѓу финалистите во сите категории.

Победник во категорија „Дигитален микс“ беше агенцијата „Grey Ljubljana“ за нивната кампања за националниот телеком оператор „A1 Slovenija“, а меѓу топ трите освен „Еден на Еден“ се најде и „BBDO Zagred“ за нивната работа за „Hrvatski Telekom“.

Да се биде меѓу топ трите покрај телекомуникациски гиганти како „A1 Slovenija“ и „Hrvatski Telekom“, компании со огромни маркетинг буџети, е навистина извонредно и дефинитивно мотивација да се продолжи со добрата работа!

Ептен популар