Ново

Идентични близнаци направија невидено магично шоу

На „Америка има талент“ за првпат се појавија идентични близнаци од Франција кои сакаат да бидат магионичари, иако нивните родители се противат на тоа. Нивниот настап беше пречекан со овации, како од публиката така и од жирито.

Што ни носат „Фчерашни Новости“ во последната епизода за втора сезона

Со 30-тата епизода од овој циклус, а 42-ра вкупно, во недела завршува втората сезона на „Фчерашни новости“. Еве што подготви екипата: 

Партијата на неопределените и нејзиниот лидер Климе Охридски, новите хитови „Хелоу, Зоки“ и „Македонијо, како си“, Ланчо Пашазотов, Кузман Статива, Слободанка Лешник, Мартин Најтинајн, Блажо, Миле Паника, се само дел од работите кои ја обележаа втората сезона на хумористично-сатиричната емисија.

Младата екипа собрана од страна на Бранко Огњановски, за брзо стана најдобрата забавна телевизиска емисија – титула која ја добија на „Златна бубамара на популарноста“ и која секоја недела одново им ја доделуваше и задоволната публика.

Затоа, оваа недела повторно вклучете се на „Телма“ во 19:10 часот и за погледнете ја последната епизода од оваа сезона на „Фчерашни новости“.

Ептен популар