Ново

Што падна пред ДИК!?

Ладното време знае да биде неугодно за граѓаните. Освен студот кој навлегува во коските и заради кој некои настинуваат, голем проблем може да биде и замрзнатата подлога, па овој период често се случува граѓаните, ни криви, а ни должни, да настрадаат. Такво нешто му се случи и на Филип Петровски кој збореше пред толпата народ пред ДИК. Се надеваме дека нема настанато посериозна повреда.

*Извор: А1он

Што ни носи петата епизода на Фчерашни Новости?

На брачен или единечен, на каков кревет се работи во Државната изборна комисија? Дознајте повеќе од репортерот Кузман кој во следната епизода на „Фчерашни новости“ директно се вклучува директно од седницата на ДИК.

Во епизодата број 5 на хумористичните вести ќе може да откриете и кој е Перо, а Мартин ќе пречека специјален гостин во студиото.

Имајќи предвид каква недела оставаме зад нас, може и да замислите какви „Фчерашни новости“ нѐ очекуваат, иако по којзнае кој пат, реалноста и сама по себе беше доволно пародична.

Гледајте ги „Фчерашни новости“ оваа недела во стариот термин 19:10 на Телма телевизија.

ЕДЕН НА ЕДЕН: Игор Џамбазов си акна стаклено шише од глава!

Минатата сабота имавме прилика да го гледаме новото гостување на легендарниот Игор Џамбазов во најгледаното ток-шоу кај нас, „Еден на Еден“. Меѓутоа на сечие задоволство, оваа сабота со почеток во 19 и 15 часот на телевизија „Телма“ ќе се емитува и вториот дел од гостувањето на Игор кај Жаре, овој пат заедно со Гуру Харе.

 

Најавата ветува неверојатни приказни, многу пеење, а без зборови не остави моментот кога Игор Џамбазов си крши шише од глава!? Дали навистина ова ќе се случи ќе дознаеме во сабота. Не очекува вистинско уживање и загарантирана забава.

 

Погледнете ја најавата на YouTube каналот на шоуто: 

Ептен популар