Следно

„Еден на Еден“ се сели на „Канал 5“

Нов термин и нова телевизија за „Еден на Еден“. Најгледаното ток-шоу од оваа недела се сели на „Канал 5“ телевизија. Емисијата ќе се емитува секоја недела во 18:50 часот.

Долгоочекуваната епизода со „Фамилијата Марковски“ и гостувањето на Силвија, Тамара, Владимир и Петар, ќе ја гледаме оваа недела, 29 октомври, во 18:50 часот.

Oд екипата на „Еден на Еден“ велат дека покрај тоа што ќе пробаат да дознаат дали ќе има втора сезона на хит-серијата „Фамилијата Марковски“, ќе се обидат да одговорат и на неколку прашања кои ги мачат сите: Која е тајната на животот, зошто оваа емисија не одеше на претходната телевизија, кој ја цензурираше, дали има задгробен живот и многу други...

- А, можеби и нема – додаваат тие.

Гледајте ја сезона 9 на „Еден на Еден“ секоја недела од 18:50 часот на „Канал 5“.

Коментари

Ептен популар