Следно

Горска те повикува да ја почувствуваш силната страна на спортот!

Во екот на Европското првенство во фудбал до 21 година, Горска организира спортско дружење на 18-ти јуни од 12 часот на Школка, Градски парк. Сите присутни на настанот ќе можат да ги покажат своите фудбалски вештини и да освојат подароци.
Мотивирани од  успехот којшто го постигнаа македонските репрезентативци (U21) со пласирањето на ЕП во Полска, Горска која е официјален спонзор на репрезентацијата, сака да го крене спортскиот дух и да ги размдра сите љубители на фудбалот со организирање на забавен настан.
Двочасовниот настан ќе биде исполнет со многу спортски предизвици. Присутните ќе треба да го покажат својот талент и да се натпреваруваат во неколку активности во кои ќе ги покажат своите фудбалски вештини. Жонглирање, дриблање, шутирање на топка по одредена патека и изведување пенали се предизвиците во кои натпреварувачите ќе имаат можност да се покажат и да освојат подароци. 
Горска те повикува на 18-ти јуни од 12 часот на Школка, Градски парк на многу забава и дружење за да ја почувствуваме заедно силната страна на спортот и да ги бодриме нашите фудбалски надежи.

Коментари

Ептен популар